Превенција на самоубиства

Утре е 10.септември – Светски ден на превенција на самоубиства.

Самоубиството е мистериозна филозофска, социолошка, психолошка, медицинска категорија. Се уште сме многу далеку од разбирање на причините и поривите кои водат една личност да избере да го заврши својот живот. Се истражува многу, од генетика и епигенетика до невроимунологија и биомаркери, од познати ризик фактори до непрепознаени општествено-економски тригери. И сепак секое самоубуство е трагичен универзум сам по себе, и за сите поврзани со него.

Превенција: дефиницијата вели „колективни напори да се намали инциденцијата на самоубиствата преку превентивни мерки“. Каде сме ние со колективните напори?

Заштитни фактори: поддршка, поддршка, поддршка и можност и пристап до терапија.

Овој мал индивидуален придонес кон „колективните напори“ има за цел на оние тивките, кои мислат дека новните проблеми се толку тешки што нема решение, кои мислат дека сами ќе си ги решат проблемите, кои мислат дека нивните проблеми се банални во однос на проблемите на нивните блиски, кои мислат дека ако проговорат  ќе им досаѓаат на своите најблиски, на своите пријатели или на матичните лекари или на психолозите во студентската полоклиника, или на професорката во советувалиштето да им порача да се одважат, да соберат храброст да проговорат!

Има за цел и на оние другите „гласните“ да слушаат, да прашаат КАКО СИ? Да кажат ДА ТУКА СУМ ЗА ТЕБЕ, ТЕ РАЗБИРАМ И ТЕ ПОДДРЖУВАМ, ЌЕ НАЈДЕМЕ РЕШЕНИЕ….

Добредојдовте на страната на Советувалиштето за студенти по медицина

„Кога ве мотивира некоја голема цел, некој инзвореден проект, вашите мисли ги кинат стегите кои ве притискаат, вашиот ум ги надминува границите, вашата свест се шири во сите правци и вие сте во нов, голем, прекрасен свет. Заспиените сили, способности и таленти доаѓаат до израз и вие откривате дека сте станале поголема личност отколку што некогаш сте сонувале дека ќе бидете.“- Робин Шарма